Ќерката на американскиот претседател, Иванка Трамп изгледаше доста елегантно во зелениот костум составен од здолниште и јакна на инаугурацијата на својот татко Доналд Трамп, според познавачи на модата.
Американската бизнисменка, имено, дента пристигна на службата во црквата „Сент Џон“ облечена во смарагдно зелена облека. Својата асиметрична јакна и здолништето ги дополни со класична шапка, чанта „Лејди Диор“ и црни кожени ракавици.
Дамата потоа, со својот сопруг Џеред Кушнер, се појави и на инаугуралниот бал. За оваа пригода, таа облече бела свечена тоалета со цветни мотиви, ѓердан и сатенски ракавици.