Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Претходно, израелската влада потврди дека Хамас и доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.
Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), но беше одложено бидејќи Хамас навреме не ги соопшти имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени поради, како што наведоа „технички причини“.
Претходно израелската влада потврди дека добила список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.
Хамас претходно објави дека денеска им ги предал на посредниците имињата на тројцата израелски заложници кои групата ќе ги ослободи во Газа.
-Бригадите Ал-Касам одлучија денеска, недела, 19 јануари 2025 година, да ги ослободат следните израелски затвореници, објави вооруженото крило на Хамас, објавувајќи ги имињата на трите млади жени киднапирани на 7 октомври 2023 година.