Актерот Силвестер Сталоне, пејачот Кид Рок и борачот Хулк Хоган се само дел од славните имиња поканети на инагурацијата на новиот американски претсдател Донал Трамп на 20 јануари, додека многу бизнис лидери од технолошкиот свет се во трка да добијат покана. На листата на поканети, нема многу државни лидери. Македонскиот претседател Христијан Мицкоски потврди дека добил покана. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцински најави дека со Мицкоски во Вашингтон ќе бидат два дена пред инагурацијата.
„Мицкоски ќе ја предводи нашата делегација таму и заедно со него ќе учествуваме на многу формални и неформални настани кои се дел од овој процес на инаугурација на претседателот. Имаме напорен распоред на состаноци, да ги зацементираме нашите позиции со администрацијата што доаѓа, да продолжиме да го негуваме добриот и личен однос што го имаме“, изјави Муцунски во интервју за ТВ „Телма“.
Мицкоски ќе биде еден од малкуте лидери од поширокиот регион кој добил покана за свечената церемонија покрај премиерката на Италија, десничарката Џорџа Мелони. Меѓу поканетите не е и унгарскиот премиер Виктор Орбан, потврди неговиот портпраол Золтан Ковач. Меѓу поканетите се „холанскиот Трамп“ Герт Вилдерс, аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кинескиот претседател Кси и израелскиот Бенјамин Нетанјаху беа поканети, но рекоа дека не можат да присуствуваат, додека конзервативниот поранешен претседател на Бразил Жаир Болсонаро , кој е предмет на полициска истрага за државен удар, изјави дека ќе биде присутен доколку властите му го враќаат пасошот.
Поканет е и претседателот Зеленски на Украина, како и премиерот на Индија, Нарендра Моди , но малку е веројатно дека ниту еден од нив ќе присуствува.
Десничарскиот француски политичар Ерик Земур и неговата партнерка, европратеничката Сара Кнафо , беа замолени од тимот на Трамп да бидат таму.
Велика Британија ќе биде претставена од нејзината амбасадорка, Дам Карен Пирс . Засега нема потврда дека некој од Европската Комисија добил покана за настанот на Трамп. На брифингот во Брисел во средата беше потврдено дека до тој ден нема стигнато покана за Урсула Фон Дер Лајен, која се лекува од тешка пневмонија во Германија.
Милијардерите се на листата
Прв на листата на бизнисмени е Илон Маск , со вложените над четвртина милијарда долари во изборната кампања на Трамп и го доби ресорот ефикасност на владата.
Од лидерите на технолошкиот свет, најавено е доаѓањето на главниот извршен директор на TikTok, Шоу Чу , основачот на Мета, Марк Цукерберг , како и Џеф Безос од Amazon и Сем Алтман од OpenAI, како и Тим Кук, главниот извршен директор на Apple.
Сите донираа по најмалку 1 милион долари во фондот за инаугурација.
На инаугарцијата поканети се сите поранешни американски живи претседатели – Бил Клинтон , Џорџ Буш и Барак Обама, кои го потврдија своето присуство, како и се’ уште официјалниот претседател Џо Бајден .
Сопругите на поранешните претседатели, исто така, ќе бидат таму во понеделник, вклучувајќи ги Џил Бајден и Хилари Клинтон Сепак, Мишел Обама е исклучок. Нејзината канцеларија во вторникот потврди дека таа нема да им се придружи на другите . Не беше наведена причина, но поранешната прва дама беше отсутна и минатата недела на погребот на поранешниот претседател Џими Картер.
Кој ќе ја води забавата?
Кантри-ѕвездата Кери Андервуд ќе биде главната ѕзвезда, додека на денот ќе настапи и Village People , бендот кој стои зад омилената химна на Трамп.
На списокот на гости се и пејачот Кид Рок и борачот Хулк Хоган, и двајцата зборуваа на републиканската национална конвенција минатата година.
Холивуд ќе го претставува Силвестер Сталоне, кој е поддржувач на Трамп.
Фотографија: Википедија