Милијардерите Илон Маск, Џеф Безос и Марк Цукерберг во понеделник ќе присуствуваат на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјавија извори за Ен-Би-СИ.
Според изворот, тие ќе седнат на видно место за време на церемонијата, заедно со кандидатите од новоизбраната републиканска администрација и други избрани функционери.
Амазон на Безос и Мета на Цукерберг се меѓу компаниите кои донираа по еден милион долари за инаугурацијата на Трамп. Илон Маск, пак, извршниот директор на Тесла, Спејс Икс и Икс, потроши повеќе од четвртина милијарда долари за да му помогне на Трамп да победи на ноемвриските избори.
Инаугурацијата на Доналд Трамп ќе се одржи во понеделник на 20 јануари.