Доналд Трамп објави смешно, но многу реално монтирано видео во кое направи пародија на разговорот со поранешниот претседател Барак Обама на погребот на Џими Картер.
На видеото објавено од Трамп на неговиот профил на Инстаграм, двајцата се гледа како разговараат за време на погребот на Џими Картер во националната катедрала во Вашингтон минатата недела.
Трамп дури беше запрашан што е толку смешно во овој необичен приказ на пријателство меѓу нив.
Шпекулациите предизвикаа хаос меѓу професионалните преведувачи на говорот на телото, додека тие се обидоа да дешифрираат што рекле двајцата ривали што предизвика толкава смеа.
Трамп реши да пушти своја верзија на настанот, објавувајќи пародија видео во кое крајно креативно, но и лажно го толкува говорот од нивните усни на Инстаграм, пишува Дејли Мејл.
Погледнете го видеото: