Од 11:20 часот укината е забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Плетвар, информира АМСМ.
Од 11:00 часот е нормализиран и сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, кој беше во прекин во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег. Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот.
Од 11:00 часот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци, сообраќајот е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на регионалниот пат 1102, Гевгелија-Богданци беше во прекин од 09:50 часот во двата правца поради излизгана машина за чистење на снег.
Од АМСМ соопштија и дека од 08:00 часот сообраќајот е во целосен прекин на патниот правец Крушево – с.Пуста река, поради големи наноси на снег на коловозот.