Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен да ги предаде севернокорејските војници на нивниот лидер Ким Џонг-ун доколку тој може да обезбеди нивна размена за украинските војници заробени во Русија, пренесува индекс.хр.
„Со првите заробени војници од Северна Кореја, сигурно ќе ги има повеќе. Прашање на време е кога нашите војници ќе успеат да заробат и други“, напиша Зеленски на X.
In addition to the first captured soldiers from North Korea, there will undoubtedly be more. It’s only a matter of time before our troops manage to capture others. There should be no doubt left in the world that the Russian army is dependent on military assistance from North… pic.twitter.com/4RyCfUoHoC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 12, 2025
„Украина е подготвена да му предаде војници на Ким Џонг-ун доколку тој може да организира нивна размена со нашите воини заробени во Русија“, рече Зеленски. Тој објави кратко видео на кое се гледа сослушувањето на двајца мажи кои се претставуваат како севернокорејски војници.
Зеленски рече дека може да има други опции за севернокорејските војници кои не сакаат да се вратат дома, „и дека на оние кои изразуваат желба да го доближат мирот со ширење на вистината за оваа војна на корејски јазик ќе им биде дадена таа опција“. Тој не даде детали.