Актерот Андрија Милошевиќ проговори по масакрот во Цетиње, кој се случи на 1 јануари, во кој убиецот Ацо Мартиновиќ одзеде 12 невини животи.
-Ова е 21 век и нова слобода, демократија, политичка коректност, нова нормалност. Маркетинг за убивање на паметните и слободата за секоја будала. Цетиње – напиша Андрија и додаде:
-Лудаци слободно живеат и ловат. Тие ги реализираат своите мрачни потенцијали без граници и по волја. Додека паметните и нормални луѓе ги закопуваат своите сакани и лелекаат под законите на бесмислената бирократија, едвај успевајќи да се валоризираат, без разлика колку се паметни, секогаш недостасува уште едно парче хартија и печат, за која било идеја, освен за гробиштата – сподели преку Инстаграм актерот Андрија Милошевиќ .