Александар Камбовски едногласно избран за претседател на судски совет.
За него гласаа сите 13 члена на советот со право на глас.
Претседателката на врховен и министерот за правда, кои се членови на советот без право на глас , не дојдоа на седницита.
Советот денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.
По изборот за претседател Камбовски, се заблагодари за укажаната доверба и порача дека ќе работи да ја опрадава.
– Искрено се надевам дека заеднички ќе успееме да ги постигнеме највисоките стандарди на професионализам, непристраснот и стандарди кои се однесуваат на зајакнување на темелите на владеењето на правоот. Не се сомневам дека во тоа ќе успееме доколку сите работиме и имаме иста цел, а тоа е да имаме здраво, независно и транспарентно судство, кое што е потребно и на граѓаните и на нашата држава, изјави Камбовски.