Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се преземаат дејствија за обезбедување докази во постапка за кривични дела поврзани со криумчарење луксузни автомобили од странство.
– Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка обезбеди наредби за претрес на повеќе локации во Скопје и други градови. Меѓу осомничените има и службени лица и еден странски државјанин. Претресите се спроведуваат од припадници на МВР, а за натамошниот тек на постапката и за конкретните дејствија за кои постојат сомненија дека ги сторило секое од инволвираните лица, обвинителството ќе информира по нивното завршување, информираат од ОЈО.