Добро познат факт е дека Дедо Мраз носи црвено поради Кока-Кола. Или можеби не? Како што брзо се наближува Новата година, веселото, тркалезно лице на Дедо Мраз почнува да се појавува насекаде. Познато е дека речиси 100 години редовно е главен лик во празничните реклами за познатиот газиран сок, пренесува курир.рс.
На пример, се смета дека Дедо Мраз е инспириран од Свети Никола, чиј гроб, според археолозите, неодамна бил откриен во античкиот град Мири. Видеата на експерти кои ја анализираат гробницата брзо станаа вирални, бидејќи користеа стап во облик на божиќно стапче за да го измерат варовничкиот саркофаг.
Свети Никола бил христијански епископ од 4 век за кој се вели дека им давал на сиромашните носејќи црвена облека. Поврзувајќи го црвеното со христијанството, црвеното ја симболизира крвта на Христовото распнување. Покрај влијанието на Свети Никола, клучна улога имаа и магазинот „Харперс викли“ и еден од неговите соработници Томас Наст.
Според Би-Би-Си, помеѓу 1863 и 1886 година, ова списание објавило многу од илустрациите на Наст, а неговите верзии на Дедо Мраз биле многу слични на она што денес го препознаваме како Дедо Мраз.
„Од овие гравури се разви идејата за работилницата на Дедо Мраз и концептот за пишување писма до него“, додава Би-Би-Си за влијанието на Наст врз модерната верзија на Дедо Мраз, пишува Мондо.
Наст, исто така, го нацрта својот Дедо Мраз со голем, заоблен стомак, многу сличен на веселиот и буцкаст лик кој и денес ги краси рекламите на Кока-Кола. Во основа, неколку фактори го обликуваа нашиот денешен Дедо Мраз. Зборувајќи за тоа, Том Гламон претходно изјави за Би-Би-Си:
„Дедо Мраз е еволутивна креација, под влијание на фолклорот, легендите и религијата. Тој настана во еден момент, потполно формиран и облечен во црвено-бел костум. Дури во 19 век, сликата која е признаена денес низ целиот свет стана воспоставена“.