Сириската организација за цивилна заштита „Бели шлемови“ соопшти дека ги истражува сведочењата на преживеаните и ослободените од озлогласениот затвор Сајднаја, каде што луѓето наводно биле држени во подземни ќелии. Меѓу затворениците имало жени и деца, од кои многумина биле родени во затвори откако нивните мајки биле силувани.
Syrians are still being broken out of #Assad’s infamous #Saydnaya prison — as each layer underground is being accessed with time.
Extraordinary scenes. pic.twitter.com/6g35z9nUGO
— Charles Lister (@Charles_Lister) December 8, 2024
Саиднаја е еден од затворите кои беа „ослободени“ откако бунтовниците ја презедоа власта во земјата. Властите во Дамаск велат дека продолжуваат напорите за ослободување на затворениците, од кои се вели дека речиси се задушиле поради недостаток на воздух во нивните ќелии.
Администрацијата на областа Дамаск преку социјалните мрежи ги повика поранешните војници и чувари да им дадат шифри на бунтовниците за да можат да ги отворат електронските врати на подземните простории на затворот. Според бунтовниците, тие не можат да ја пробијат вратата зад која има голем број затвореници, кои можат да ги видат на мониторите на надзорните камери.
Footage allegedly from Saydnaya prison, Syria. The moment when women and children are freed pic.twitter.com/FDbZKcd7tg
— Ted (@Ted_TEFL) December 8, 2024
Белите шлемови испратија пет специјални тимови во затворот, но тврдат дека досега не нашле скриени подземни ќелии.
Медиумите и социјалните мрежи беа преплавени со видеа од обиди за упад во затворот, додека на едно видео се прикажани ослободени затвореници, меѓу кои и мало дете со неговата мајка.
Автентичноста на снимките ја потврдија АФП, Ројтерс, Би-Би-Си.
Би-Би-Си јавува дека мачењето, сексуалното насилство и масовните егзекуции биле судбина на многу луѓе. Многумина таму ја изгубиле последната трага, а нивните семејства никогаш не дознале што им се случило.
Меѓународните влади го поздравија крајот на автократското владеење на Асад, а во исто време се обидуваат да замислат нов Блиски Исток. Сиријците се враќаат дома со големи надежи.
Video shows thousands of cars jamming roads to Damascus as displaced people return to the Syrian capital after hearing downfall of the Assad regime.#Syria pic.twitter.com/kfHxKqqM4y
— Geo Political Updates (@GeoPolUpdates) December 9, 2024