Охридската полиција информира за настан од аеродромот „Св.Апостол Павле” во Охрид, каде на излез од државата била уапсена М.М.(19) од тетовското село Жилче, која се обидела во авионот да внесе куршуми.
На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле” во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба на рентген апарат биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри, соопшти СВР Охрид.
Увид на местото извршија полициски екипи и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.