Вчера, (четврток 28.11.2024 година), во болница во регионот на Атика почна спроведувањето на бесплатните попладневни ординации – новиот проект на државите болници во Грција, каде има листи на чекање.
Целта на програмата, која е финансирана од Фондот за закрепнување, е да се намали листата на чекање за операции во Националниот здравствен систем (NHS).
Според информациите на iatropedia.gr, денеска попладне бесплатно ќе се оперира во седум болници, за што пред пациентите е објавен детален список. Се’ повеќе болници се додаваат на списокот на оние кои нудат бесплатни вечерни операции.
Сепак, министерот за здравство ја одложи планираната посета на болницата „Папагеоргиу“ во Солун, каде што ќе се извршат првите операции, поради трагичниот инцидент во Ксанти со семејството кое претрпе труење со гас.
Треба да се напомене дека вкупно за првите две недели од спроведувањето на мерката, односно до 13 декември се планирани 2.000 бесплатни оперативни зафати. Тоа е за пациенти кои според Техничкиот билтен, чекаат да бидат оперирани од 4 месеци до една година.
Целта на акцијата на бесплатните попладневни ординации е да се намали просечното време на чекање на пациентите за да престанат да страдаат.
Да потсетиме дека во соседна Србија, во болницата во Ниш, млади хирурзи самоиницијативно почнаа да оперираат во деновите од викенд, со цел да се намали листата на чекање.
Во македонските државни болници е обратен процес – попладневните операции се дозволени, но болниците ги наплаќаат на приватно. Пацинетот, кој не може да чека, се согласува со тоа да го плати полниот износ на операција. Непотврдени се информации дека овој систем повремено се злоупотребува, па лекарите и раководствата на болниците, пациентите наместо на бесплатни операции, ги насочуваат за попладне, кога се напраќаат приватно.