Јулијана Ѓорѓиевска (26) од Крива Паланка победи на интернационалниот избор Queen of Euroasia 2024 и ја освои титулата Кралица на Евроазија.
Таа на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија. Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија и припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија .
Нашата Јулијана која гордо ја претстави Македонија е дел од Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина.
Ова беше 10-то, јубилејно издание на Queen of Euroasia , во организација на агенцијата Euroasia stars empire од Москва, Русија