По пишувањата во некои медиуми дека српскиот пејач Раша Павловиќ починал, новинари од курир.рс го контактирале за да ја дознаат вистината.
„Здраво, се јавувам од другиот свет, само што пристигнав, убаво е. Се шегувам. Не е точно дека умрев, жив сум и здрав, но морам да признаам дека се потресов. Ми се јави братучед ми и кажа дека напишале дека сум умрел, јас веднаш му реков „како умрев, гледај дека зборувам со тебе“, рекол тој.
Но подоцна му кажале дека го помешале со некој друг.