Принцот Хари неочекувано посакал да направи тетоважа.
Принцот Хари присуствувал на настан каде направил лажна тетоважа. Музичарот Џели Рол ја имаше честа да го „тетовира“ принцот за време на промоцијата на „Инвиктус игри“, пренесува Б92.
Видеото со тетоважата е снимено за време на посетата на Хари на Њујорк во септември, а го прикажува Хари како пристигнува во познатата продавница “East Side Ink”, која е надалеку позната по својата клиентела на славни личности.
“Не можев да верувам кога луѓето ми рекоа дека принцот Хари ќе дојде денес на тетоважа. Ова е најдоброто нешто денес”, изјави Џели Рол.
Многу брзо Хари рекол:
-Размислував за долниот дел на грбот или задникот…“
Пред принцот да ја завршил мислата, музичарот на шега го прекинал:
„Никој не сака да го види задникот, Хари“.
Војводата од Сасекс се истетовирал на вратот, а многумина го коментираа ова видео со изјавата дека Хари е опуштен и кул лик.