Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, ја критикуваше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел ATACMS за напади на руска територија.
– Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека Третата светска војна ќе почне пред татко ми да има шанса да постигне мир и да спаси животи. Треба да се спасат трилиони. Имбецили!, напиша Трамп помладиот.
The Military Industrial Complex seems to want to make sure they get World War 3 going before my father has a chance to create peace and save lives.
Gotta lock in those $Trillions.
Life be damned!!! Imbeciles! https://t.co/ZzfwnhBxRh
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) November 17, 2024
Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводи на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Сторм шедоу.
И американскиот милијардер Илон Маск синоќа се согласи со оценката на републиканскиот сенатор од Јута Мајк Ли, кој по повод објавата дека американскиот претседател Џозеф Бајден одобрил употреба на американско оружје за украински напади длабоко на руска територија, напиша дека „либералите сакаат војни“ и дека „војната го олеснува зголемувањето на моќта“.
„Вистина“, напиша Маск споделувајќи ја објавата на Ли.
— Elon Musk (@elonmusk) November 17, 2024
Маск беше назначен од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за еден од шефовите на Секретаријатот за ефикасност на владата.
Во исто време, еден од основачите на ПејПал (PayPal), Дејвид Сакс, на истата платформа нагласи дека Трамп добил јасен мандат да стави крај на војната во Украина.
– Што прави Бајден во последните два месеци од неговиот мандат? Значително ја влошува ситуацијата, напиша Сакс, кој заедно со Маск и уште двајца бизнисмени го основаа ПејПал.
Според него, американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот тим знаат дека единствената критика на „длабоката држава“ на нивниот начин на водење војна ќе биде тоа што не направиле доволно за да ја вооружат Украина.
– Затоа Бајден непотребно ја ескалира (ситуацијата) во последните два месеци. Во реалноста, неговата голема грешка беше што не ја искористи дипломатијата за да спречи војна која лесно можеше да се избегне, истакна Сакс.
Тој на Х објави фотографија на која се гледаат луѓе кои личат на американскиот претседател Џозеф Бајден и на американската потпретседателка Камала Харис и напиша: „Погоди што – патем инаку … сè уште можам да почнам Трета светска војна“. МИА