МВР информира за измама во куманово, човек подигнал брз кредит за да уплати за биткоин ама ништо од тоа.
-На 14.11.2024 во 14.30 часот во СВР Куманово, 45 – годишен маж пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари. Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини”, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.