Македонија ја победи Летонија со 1:0 во претпоследниот натпревар од групната фаза на Лигата на нации и го потврди првото место во групата и пласманот во поквалитетна Б лига. Заслуга за тоа имаат сите играчи, но најмногу Никола Серафимов кој ја затресе мрежата на противниците со гол во 57-мата минута.
Стадионот не беше исполнет со публика до последното место, но погледнете што се случуваше на терен и на трибините, низ објективот на нашиот фоторепортер Вангел Тануровски.