Не е точно дека ќе се зголеми цената на такси превозот во Скопје. Според претседателот на Групацијата, Сашо Рајчановски барање до Советот на Град Скопје за зголемување на цената на такси превозот нема, бидејќи нема таква потреба.
-Пред две години кога ги менувавме тарифите во таксиметрите ставивме три тарифи, првата е доколку поевтини горивото, втората е во моментот што ја возиме и трета тарифа доколку дојде некоја инфлација или зголемување на цената. Сите возиме по втората тарифа, но ако има некоја такси компанија, која сака да вози по другите тарифи ќе може да вози, треба само да си го смени ценовникот во возилото. Значи нема никаква потреба за зголемување на цената – вели Рајчановски и се сомнева дека информацијата веројатно е пуштена од див таксист.