Во Струмица нема ден а да нема пожар, информираат Струмичките пожарникари на нивната Фејсбук страна, и упатуваат апел:
-Иако е речиси крај на сезоната на шумски пожари во Струмичкиот регион речиси да нема ден без пожари на отворен простор и шумски пожари. ТППЕ Струмица од почетокот на оваа година до денес има интервенирано приближно 700 пати, од кои околу 80 % на пожари на отворен простор и шумски пожари. Секаде се интервенираше агресивно и масовно, често со целосна мобилизација на сите вработени, материјалните средства и возила со што се придонесе Струмичкиот регион да биде еден од ретките без огромни и уништувачки пожари. Пред два дена избувна голем пожар на планината Беласица и ние како секогаш настапивме први и не ретко единствени сили на првата линија на фронтот, се вели во инфорацијата, во која додаваат:
-Денес по социјалните мрежи излезе соопштение од заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов дека тие се единствените сили на Беласица и дека од наша страна не им е испратено теренско возило. Возилото кое е побарано е дефект, пумпата е испратена во Скопје на сервис. Едно прашање, каде бевте цела сезона, каде сте и сега. Со која опрема, со кои средства го гасите овој пожар. Со гранки? Ние не се бориме за популизам, туку нашите дела стојат зад нас. Секоја чест на градоначалниците од Струмичкиот регион за нивното разбирање и помагање во нашата работа на терен, голема благодарност до тимовите на МВР кои оваа сезона постојано беа со нас. Социјалните мрежи не се место за препукување и збирање гол популизам, отворени сме во секое време за соработка и отстранување на сите недостатоци, велат струмичките пожарникари. .
Поздрав од сите пожарникари-спасители.