Работата во угостителската индустрија често бара висока издржливост и многу трпение, а келнерите во одредени земји се соочуваат со ниски плати, потпирајќи се на бакшиш за дополнување на нивниот приход.
Во САД бакшишот е вообичаен без разлика на видот на услугата, додека во некои други земји бакшишот се очекува само по пријатно искуство, пишува Мирор.
Многу услужни работници го ценат додатокот како бакшиш. Неодамна, шпанската келнерка Ракел сподели видео на ТикТок на нејзиниот профил ‘La Hostelera Cabreada’ („Лута угостителка“), откривајќи трик што го користи за да ги поттикне гостите да остават поголем бакшиш – без тие да го знаат тоа.
Ракел советува наместо монета од 1 евро при враќањето на остатокот од парите да оставите неколку помали монети. На тој начин гостите не сакаат да земат кусур и да го остават целиот бакшиш. Иако трикот не е секогаш успешен бидејќи некои луѓе на крајот ги земаат сите остатоци, Ракел тврди дека тоа функционира во повеќето случаи.
@lahostelera Lo sabias? #hosteleria #propinasgenerosas #camarero #restaurant #risa #humor #shakira #aprendeentiktok #divertido #lahosteleracabreada ♬ El Jefe – Shakira & Fuerza Regida
Различни луѓе се огласија во коментарите; некои признаваат дека обично не оставаат бакшиш, додека други ја критикуваат практиката на бакшиш во угостителството, сметајќи дека платата треба да биде доволна. Други истакнуваат дека квалитетот на услугата игра клучна улога во одлуката за бакшиш.