Националната организација за лекови (ЕОФ) од Грција ги предупредува потрошувачите да не купуваат препарат за слабеење, Интекс-Сема, кој не е одобрен.
Од ЕОФ соопштуваат дека според информациите на австриските и естонските власти, препаратот Интекс-Сема за слабеење или зголемена физичка активност, е нелегално на пазарот.
Како што информираат австриските власти, производот се тргувал преку веб-страницата https://intexpharmashop.com/shop/, на компанијата IntexPharma.
Овој препрат може да се набави преку електронските продавници за лекови и од страна на македонските граѓани.
Овој производ на својата амбалажа наведува дека содржи фармацевтска активна супстанција семаглутид, која стана позната од незаконската промоција на добро познат лек за третман на дијабетес мелитус, без одобрение, односно без проценка на неговата безбедност и ефективноста.
Се потсетува дека купувањето фармацевтски производи на рецепт преку веб-страници обично води до набавка на лажни/фалсификувани производи. Повеќето информации преку овие веб-страници се погрешни.
Од Националната агенција за лекови на Грција упатија порака го потрошувачите: Се молат потрошувачите/пациентите да не купуваат лекови од интернет или други несигурни извори под никакви околности, бидејќи постои сериозен ризик за нивното здравје.
Извор:newsit.gr