Во епизодата насловена „Тајните на двоениот живот“, која се емитуваше на 17 август 2014 година, Клои Кардашијан се присети на викендот што го поминала во Лас Вегас, пренесува курир.рс.
Додека разговарале, Кортни Кардашијан ја прашала својата сестра: „Кој беше со тебе викендов? Клои одговорила дека била со пријателите, а потоа Кортни спомнала имиња меѓу кои и Паф Деди, неговиот посвоен син Квинси Комбс и раперот Френч Монтана.
Подоцна во епизодата, Клои опишала забава на која присуствувала додека била на куглање со пријателката Кадија Хак.
-Не ни спиев. Се качив во авионот во 5:30 наутро. На таа забава мислам дека половина од луѓето беа голи – се присетила Клои.