Со жрепка попладнево во седиштето на ФФМ во Скопје беа извлечени паровите за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Бранителот на титулата Тиквеш ќе му гостува на скопски Вардар, додека шампионот Струга ќе биде домаќин на Македонија ЃП.
Преостанатите осминафинални парови се Брера Академија Пандев – Беса, Гостивар – Брегалница, Пелистер – Детонит Плачковица, Шкендија – Шкендија Арачиново, Силекс – Шкупи и Аресими – Воска.
Осминафиналните натпревари на програмата се на 23 октомври со почеток во 14 часот.