Во 21:46 часот вечерва е почувствуван земјотрес во Скопје.
Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот е на 24 километри источно од Скопје, а земјотресот бил на длабочина од 5,6 километри.
Вчера околу 2 часот, беше регистриран посилен потрес од 3,4 степени, епицентарот бил близу Скопје.