Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изрази сомнеж дека земјата ќе добие помош од Европската унија по големите поплави кои ја погодија централна Европа.
„Со целата почит, но ако чекавме Брисел да нѐ спаси, ќе бевме во вода до врат“, изјави Орбан.
Унгарија е уште една земја погодена од поплавите. 21 лице загина во Послка, Чешка, Австрија и Романија.
Орбан претходно ги откажа сите меѓународни обврски додека поплавите не стивнат.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави помош на земјите погодени во поплавите.