Последната епизода од сапуницата на Владата наречена „Есенска кошничка“ ни донесе нови изненадувања и потврда дека Владата апсолутно нема ниту концепт, но нема ни желба да ги намали цените на производите кои вртоглаво растат, велат од СДСМ.
-Намалувањето на маржите само на околу 100 производи не е никакво конкретно решение, ниту ќе има сериозен ефект на намалувањето на цените. После мачкањето очи на граѓаните со намалувањето на цените за фломастерите и моливите откако започна учебната година, ова е нова манипулација без никаков ефект кое има за цел само кратко да го смири гневот на јавноста, се вели во информацијата од СДСМ од каде додаваат:
-СДСМ во време на сите кризи во изминатите години имаше конкретни и ефективни решенија. Цените беа намалувани за преку 500 производи за исхрана, но се држеа под контрола и цените на оснататите производи и на енергенсите. Ова е вистинска грижа и концепт за заштита на стандардот на граѓаните, а не половични решенија кои нема да имаат никаков ефект. Ако Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конректен предлог закон со кој проверено ќе заштедат сите граѓани и ќе се амортизира ценовниот шок, додека компаниите нема да сносат штети, се вели во партиското соопштение.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460