Во навечерието на празникот Усекновение на Чесниот Претеча и Крстител Јован, на Вечерната богослужба, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, изврши свештениот чин со прием на нови тројца монаси во братството. Тоа се Јајка Силккола од Куопио, Финска, Деан Божинов од Радовиш и Оливер Марковски од Куманово, ги положија заветите за „доброволно послушание, нестекнување и целомудрие“.
Тројцата ги добиваја новите монашки имиња: Елисеј, Пантелејмон и Евстатиј.
На овој свечен чин, како што соопшти Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител, присуствуваа и многубројни верници, а присуствуваа и гости од Романската православна цркца – Архимандритите Матеј и Херувим, како и отците Теона и Кирил од Црквата на Грција и јерејот Петар.