Денеска во 02.00 часот на ул.„Борис Кидрич“ во Штип, полициски службеници го привеле С.С.(24) од Штип затоа што при преглед во неговото патничко возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Според МВР и на 03.09.2024 во 19.00 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишиле од слобода Ѓ.В.(31) од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...