Под слоганот „Нема оправдување – Покачете ги платите!“, СДСМ, преку Комисијата за образование за утре, на 1 септември, организира собир на наставници и просветни работници.
Собирот, е закажан да започне во 11.30 часот, а ќе биде организиран пред Министерството за образование и наука.
„Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики“, апелираат од СДСМ во повикот за собирот.
„Овој собир, пред почеток на училишната година е еден аларм, едно предупредување.Тоа е собир на којшто ќе биде искажан револтот од погрешните политики во образованието од страна на владата на ДПМНЕ и Весна Јаневска. Ги покануваме сите просветни работници, без разлика на нивните политички убедувања, да ни се придружат. Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта за да ги промени погрешните политики. Заедно, мора да ги вратиме достоинството и почитта кон наставниците“, велат од СДСМ.