Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“ веќе неколку дена е во Клиничкиот болнички центар во Љубљана, каде лекарите даваат се од себе за да му помогнат на рокерот да се избори со болеста.
Како што неофицијално дознава курир.рс од Клиничко-болничкиот центар во Љубљана, клиничкиот совет заседава секое утро и одлучува што може да се направи за подобрување на здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ.
Според последните информации со кои располагаат, состојбата на Бора е се уште сериозна, па поради компликации предизвикани од хронична опструктивна белодробна болест е интубиран. Со соодветни терапии, лекарите даваат се од себе за да ја подобрат здравствената состојба, особено на бубрезите и црниот дроб.