На водителската позиција на Интернационалната вечер на 31-вото издание на „Охрид фест“, покрај Марјана Станојковска ќе биде и популарниот актер Дејан Лилиќ.
Актерот го заменува Васил Зафирчев, и открива дека, и покрај богатото актерско искуство, за првпат ќе биде водител на фестивал.
– Пред 25 години сигурно не би се видел на фестивалот- вели Дејан.
– Пред десетина, можеби и би размислил. Но денес, по сето мое искуство, што сум видел, слушнал и доживеал, мислам дека е баш кул што сум тука. Со одлична екипа, на Интернационална вечер, со легенди и луѓе што оставиле многу зад себе. Задоволство ми е што на некој начин фестивалот ќе ме жигоса, а и јас него.
“ Интернационалната вечер на „Охрид фест“ ќе се случувана 31 август на величенствената сцена на Долни Сарај а организаторите најавуваат големи уметници кои ќе го потврдат повеќедеценискотот квалитет на фестивалот.