Британија ќе го одобри првиот лек во историјата за кој е утврдено дека ја забавува Алцхајмеровата болест, јавуваат британските медиуми.
Утврдено е дека Леканемаб, за кој експертите велат дека може да биде „почеток на крајот“ на болеста, го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 отсто.
Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (MHRA) се очекува да даде одобрение за лекување на раната Алцхајмерова болест, пишува британски Телеграф.
Според ова лекот првпат ќе може да биде препишуван приватно во Британија.
Лекот, кој се дава на секои две недели преку интравенозно капнување, е првиот третман кој ја модифицира болеста за да го забави когнитивниот пад и да ги намали плаките поврзани со болеста.
Клиничките тестови покажаа дека значително го успорува губењето на меморијата и функционалното размислување на пациентите.