Три лица загинаа, а едно лице е тешко повредено откако воз удрил во автомобил на железнички премин во селото Петка кај Лазаревац околу 12:45 часот, јавија српските медиуми.
Возот сообраќал на релација Пријепоље-Белград. Меѓу загинатите се брат и сестра на дванаесет, односно четиринаесетгодишна возрраст. Покрај нив, животот го загубил и возачот на автомобилот а нивниот татко М.Д. (38) е тешко повреден.
Во моментов железничкиот сообраќај во тој дел е во прекин.