Триесет и седумгодишен жител на Штип заработи кривична пријава поради основано сомневање дека на поранешната сопруга и упатувал закани преку социјалните мрежи.
-СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во периодот од 19.07. до 22.07.2024, пријавениот преку социјалната мрежа испраќал пораки со заканувачка содржина на неговата поранешна сопруга, наведуваат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...