Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје, Ѓорѓи Галетановски, кој замина од функцијата кога дојде Данела Арсовска за градоначалничка на Град Скопје, денеска објави дека поднел документи за огласот за избор на директор на оваа институција.
Тој ова го објави на Фејсбук каде што објасни зошто се решил на овој чекор.
„Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве, но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир, благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и Советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на ЗОО Скопје“, вели Галетановски.