Местото на ужасот, каде што осомничениот терорист Беран А.(19) наводно направил бомба, е недалеку од црквата во заспаната Терница. Во средата наутро, тешко вооружени полицајци и специјалните сили Кобра упаднаа во реновирана куќа со тераса и го уапсија Беран, кој по потекло е од Северна Македонија, под сомнение за тероризам.
Беран А. дал отказ на работа на 25 јули, велејќи дека има „големи планови“. После тоа, се заколнал на верност на Исламската држава и наводно тајно работел на планови за напади со експлозиви и мачети, во кои „треба да загинат што повеќе неверници во Виена“. Негова цел биле концертите на Тејлор Свифт на стадионот Ерст-Хапел.
До каде отиде планирањето на нападот покажуваат првите резултати од истрагата. Според нив, Беран А. планирал да влета во толпата обожаватели со својот автомобил – црна VW буба со светло црвени седишта, потоа да нападне со мачета и на крајот да активира бомба, што веројатно би довело до голем број смртни случаи.
Според полицијата, осомничениот го опремил автомобилот со сино светло како дел од подготовките за да му го олесни пристапот.
Меѓу уапсените е и 17-годишник, исто така роден во Австрија, со наводно турско и хрватско потекло.
„Јас имам 17 години, а Беран има автомобил. Сакавме само да одиме да повозиме“, рекол осомничениот терорист за време на сослушувањето.
Хојте пишува дека црната буба била паркирана пред куќата. Пердув од сокол поставен на контролната табла на возилото веројатно требало да му ја даде потребната храброст на фанатикот на Исламската држава.
Покрај лажна полициска легитимација и 21.000 евра лажни пари, во куќата на родителите на осомничениот биле пронајдени мачети, ножеви и функционални експлозиви, вклучително и детонатори. За среќа, полицијата и државната безбедност успеаја навреме да го спречат нападот благодарение на совети од странство, пренесува телеграф.рс