Мажот кој го каснал отровен кафеав пајак во Пиргос на западот на Грција не успеа да преживее!
Локалните медиуми јавуваат дека мажот, кој има 48 години, минатиот вторник попладне дошол во болница со ужасни болки во ногата, но дотогаш не сфатил дека се работи за кснување. Претходно бил прегледан од приватен ортопед кој веднаш го испратил во болница, пренесува курир.рс.
Здравјето на мажот се влошило еден ден подоцна, тој развил симптоми кои потсетуваат на отровно каснување, а медицинскиот персонал вложил натчовечки напори да го одржи во живот.
-И покрај натчовечките напори на персоналот, пациентот на крајот не успеа да извлече. За жал, тоа беше нешто што се знаеше од самиот почеток. Ваквите инциденти не завршуваат добро. Се трудевме многу – велат од болницата.
Медиумите јавуваат дека мажот кој бил на одмор бил каснат високо на бутот, но не забележал кога го каснале.
-Од описот мислиме дека беше каснување од кафеав пајак. Не постои противотров и неговиот развој е генерално доста брз, иако на почетокот не изгледа дека е ништо сериозно. 72 часа по каснувањето се јавува нагло влошување – според болницата.
Кафеавиот медитерански пајак самотник е малку проучен. На предниот дел од телото има изразен белег кој наликува на виолина. Активен е ноќе додека дење се крие под камења и лисја.