Угина царскиот орел што беше спасен од пожарите на Пониква, на Осоговските Планини од страна на пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво – Кочани, пишува „Гласно“.
Птицата угинала вчера попладне во Зоолошката градина во Скопје каде беше сместена, потврдија од ДПД-Кочани. Царскиот орел е однесен на Факултетот за Ветеринарна медицина каде ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за угинувањето. Од Македонското еколошко друштво ги известиле ДПД-Кочани и ја потврдиле информацијата за Државниот инспекторат за животна средина при што по завршување на обдукцијата ќе биде споделена информација за јавноста.