А.М.(33) од штипското село Чардаклија вчера околу 08.15 часот бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива на местото викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци.
Како што информира МВР настанот бил пријавен вчера во 09.45 часот во СВР Штип, а А.М. бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот
И во Сарај, Ќ.М.(54) пријавил дека пред вратата од неговиот дом пронашол паднато заталкано зрно од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...