Полицијата информира дека на 30.07.2024 во 16 часот во СВР Тетово, 50-годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Х.И.(32) од тетовско за сума од 23.000 евра.
Според пријавеното, во текот на февруари Х.И. го довел во заблуда и со него склучил договор за купопродажба на недвижен имот во тетовско со вкупна површина од околу 11.000 квадратни метри, а кој бил сопственост на други лица.
Се преземат мерки за расчистување на случајот.