Изгореа две куќи во штипската населба Стар Караорман, јави Тв Стар.
Според неофицијални информции пожарот настанал откако бил запален огон во дворот на една од опожарените куќи. Пламените јазици ја зафатиле и соседната куќа. Причинета е голема материјална штета.
Како што јави ТВ Стар во секој момент се очекува на местото на пожарот да дојде и градоначалникот Иван Јорданов по што ќе се знае каква помош ќе добијат од општината оштетените семејства.
Видеото на ТВ Стар од местото на пожарот може да го погледнете на следниов линк.