На 28.07.2024 во 03.00 часот, полициски службеници од полициското одделение во кичевското село Зајас го лишиле од слобода Б.У.(46) од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија.
-Тој, претходно, на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол „Смит и Весон”, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави.