Прегазени се двајца пешаци во Куманово, информираат од МВР.
-На 26.07.2024 во 09.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада” и ул.„Страшко Симонов” во Куманово, товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ф.(31) од Скопје удрило во пешакот Ј.Ј.(58) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Ј. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, информираат од МВР и додаваат:
-На 26.07.2024 во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски” и ул.„Романовска” во Куманово, патничко возило „бмв” со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово, се вели во информацијата од МВР.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Неистакнување на македонското знаме при посетата на Претседателката Сиљановска Давкова на Бугарија е резултат на:
- Непочитување на државата Македонија (55%, 808 Гласови)
- Наивност на актуелната власт, а посетата превид на Кабинетот на Претседателката (17%, 254 Гласови)
- Порака дека нема дијалог додека не се исполнат бугарски условувања (13%, 185 Гласови)
- Превид на протоколот, се прави афера од ништо (9%, 136 Гласови)
- Порака дека Претседателката не е добредојдена (5%, 77 Гласови)
Вкупно гласови: 1.460