Не правам веќе филери и ботокс. Сакам да личам на себе. Сакам луѓето да знаат што преживеало ова лице. Тоа е моето гледиште денес, на 61-годишна возраст, изјави актерката, пејачка и поранешна мис на Америка, Ванеса Вилијамс за магазинот Пипл.
Таа призна дека претходно имала ботокс, но дека никогаш не направила лифтинг на лицето. Големиот порок на актерката е сончањето кое и дава брчки.
-Да, имам брчки, но тоа е затоа што предолго седам на сонце. Но, јас го сакам сонцето, по ѓаволите. Ако ми се појави на деколтето, извинете. Ја прифаќам мојата возраст – рече таа.
Вилијамс беше првата Афроамериканка која беше избрана за Мис на Америка во 1983 година, но беше принудена да ја врати титулата под притисок откако магазинот „Пентхаус“ објави нејзини голи фотографии без нејзина дозвола.