Во СВР Штип вчера во 18.51 часот било пријавено дека настанал пожар во стара депонија, по што од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.
Според полицијата при гаснење на пожарот со повреди се здобиле пожарникарите Б.Р.(42) и А.М.(41), двајцата од Штип, по што биле пренесени во медицинска установа за укажување помош. Еден од повредените е командир на Територијалната противпожарна единица Штип.
Командирот на штипските пожарникари Благој Ренџов паднал во карпест дол при гасење на пожар кај старата депонија, јави ТВ 21.
Тој ги скршил двете раце, а негов колега пожарникар има скршеници на едната рака, откако вчера при гаснење на пожар на старата депонија меѓу населбите Пребег и Мерите, паднале во дол, по што веднаш се хоспитализирани во штипската Клиничка болница.
На командирот на штипските пожарникари веднаш му е извршена и операција на двете раце и е под болнички третман.