Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи, Хеликоптерската единица и Одделот за вонредни состојби ја завршија меѓународната мисија за помош на Македонија во гаснењето шумски пожари и денеска се вратија во Србија.
– Припадниците на МВР за пет работни дена со хеликоптерот Камов Ка-32, специјализиран за гаснење пожари на отворен простор, исфрли вкупно 182 тони вода и успешно го изгаснаа пожарот кај селото Росоман, кај Радовиш пожарот го ставија под контрола, а заедно со други домашни и меѓународни екипи дејствуваа и на локации кај Ново Село, на планината Огражден и во местото Пипирево – соопшти МВР на Србиј, пренесе новинската агенција МИА.
Во знак на благодарност, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им врачи благодарница на претставниците на МВР за помошта во гаснењето на пожарот.
Помошта е испратена врз основа на барањето на македонската Влада да обезбеди помош во гаснењето на шумскиот пожар.
Од 16 јули, припадниците на Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби учествуваа во гаснењето на пожарот со хеликоптер Камов Ка-32, со голем капацитет за вода, кој прв пат беше испратен надвор од Србија за давање помош.