На прашањето: „Што прво и чија работа очекувате да се преиспита ?“, мнозинството учесници во анкетата на ММС е поделено помеѓу преиспитување на работата на еск-премиерот Зоран Заев и првиот вицепремиер Артан Груби. Со мала разлика во предност се размислувањата дека треба да се види работењето на Заев (36%), а 34% сметаат дека треба да се почне од преиспитувањето на работењето на Груби, кој освен како прв вицепремиер, го раководеше и Министерството за политички систем во владата на СДСМ-ДУИ.
Многу помал број на гласови имаат предлозите за преиспитување на договорот со Бехтел и Енка (17%), следи предлогот за јавните набавки со компанијата Пуцко Петрол (9%) и најмал број на граѓани сметаат дека треба да се тргне од разгледување на документите за набавката на вакцини за време на пандемијата (6%) и одговорноста на тогашниот министер за здравство, а сега лидер на СДСМ, Венко Филипче со познатиот скандал за наводни провизии.
Од утре пред вас е новата анкета во кој прашуваме:
Со претстојниот ребаланс на Буџетот треба да се обезбедат пари за:
- Авионско прскање против комарци во целата држава
- Линеарно зголемување на пензиите од 5000 денари
- Исплата на заостанатите стипендии, субвенции за земјоделците, поддршка за учениците
- Набавка на нови автобуси во Скопје
- Набавка на терапија за заболените од рак и ретките болести.